Министерството за внатрешни работи (МВР) има склучено договор со избраниот економски оператор за нарачка на налепници со кодот NMK и веќе течат роковите за нивна испорака.
МВР има предлог тие за граѓаните на кои ќе им бидат потребни за регистарските таблички да бидат поделени бесплатни.
Од МВР додаваат дека тие ќе бидат дистрибуирани до сите станици за технички прегледи во државата и граѓаните ќе можат да ги подигнат кај референтите за сообраќај каде што вршат регистрација на своите возила.