Поранешниот пратеник од редовите на НСДП Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен на распит во полициската станица Беко во Скопје.
Јосифовски се сомничи за неовластено влегување во комјутерскиот систем на Централниот регистар.
– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Биро за јавна безбедност при МВР на РСМ, на 02.09.2019, по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија и консултација со надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, го лиши од слобода лицето Љ. Ј. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РСМ, информираат денеска од МВР.
Основач и долгогодишен лидер на НСДП е Тито Петковски, поранешен претседател на Собранието на Македонија и поранешен функционер на СДСМ.