Еден работник почина, а друг е повреден откако вчера биле затрупани по одронување земјиште на улица „Христо Татарчев“ во населбата Припор во Скопје, информира МВР.
Ѓ.Ѓ. (57) од Скопје починал на местото на настанот, додека Ш.Ш.(52) од Куманово со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.