МВР излезе со детали снимката од Велес која утрово се појави во јавноста.
Ма*олетничката која нападна девојче, како што се гледа на снимката, имала само 12 годинио, а два дена претходно нападнала и друго девојче.
Против нејзин родител кој има 39 години ќе биде поднесена пријава за негрижа на дете.
„На 20.04.2021 во СВР Велес било пријавено дека на 17.04.2021 околу 16.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Велес 12-годишна малолетничка физички нападнала малолетно девојче на возраст од 11 години. Исто така, било пријавено дека на 18.04.2021 околу 15.00 часот на ул.„11 Октомври“ истата малолетничка физички нападнала друга малолетничка од Велес. Во врска со настанот, во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните. Се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете“, се вели во полицискиот билтен за овој случај.