Пешак на возраст од 15 години од Скопје вчера попладне се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил.
Како што соопшти МВР, вчера во 16:30 часот било пријавено дека во Скопје на булевар „Александар Македонски“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.В. од Крива Паланка удрило во пешак на возраст од 15 години од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.