Полициски службеници од Единица за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера, на подрачје на Карпош го лишиле од слобода Н.С.(39) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што соопшти МВР, полициските службеници, постапувајќи по претходно издадена судска наредба од Основен суд Скопје 1 при претрес во домот на пријавениот пронашле саксии со канабис и импровизирана просторија за одгледување на канабис.
По документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот Закон.