Две лица од Тетово барани со потерница за издржување затворска казна утрово се приведени од страна на полициски службеници од Полициската станица Тетово.
– На 22 мај 2021 во 7:30 часот од страна на полициски службеници од ПС-Тетово се приведени Х.Ф. од Тетово, кој се барал со потерница за издржување на казна затвор во траење од една ипол година и Л.Б. од Тетово, кој се барал исто така за издржување на затворска казна, соопшти МВР.
Лицата се предадени во КПУ-Затвор Тетово.