На 16.08.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода од М.Р.(44) од Скопје и Р.И.(22) од с.Радуша, скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 16.08.2025 во 21:05 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект во кичевското село Добреноец, Б.М.(44) од Кичево, испукал повеќе куршуми во воздух од гасен пиштол. Повредени лица нема, а по целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.08.2025 во 13:43 часот, во ОВР Струга е пријавено дека пред угостителски објект во Струга, две лица со остри предмети го нападнале Д.Н. од струшкото село Велешта, нанесувајќи му убодни рани по телото. Тој, веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга за укажување на медицинска помош. Увид на местото на извршиле јавен обвинител и полициски екипи и по целосно расчистување на настанот, против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Денеска (17.08.2025) во 03:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.Ч.(18) и 16-годишна малолетничка, двете од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.