По однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 572 прекршоци во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија.
Министерството за внатрешни работи и во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.