Министерството за внатрешни работи во акциска контрола спроведена вчера на територијата на град Скопје изрече вкупно 143 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 15 санкции, девет за возење без возачка дозвола, две санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, информираат од МВР.
Изречени се 37 санкции за прекршоци кои ги прават пешаците, осум за користење мобилен телефон и 51 санкција за непрописно паркирани возила.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат во соопштението.