На булеварот Партизански одреди во Скопје утре и задутре, во раните утрински часови, ќе се изведуваат градежно-монтажни работи за поставување на гасоводна цевка со попречен ископ кај крстосница помеѓу бул.„Партизански Одреди“, ул.„Манапо“ и ул.„Лондонска“, информираат од МВР.
Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие сообраќајници при што сообраќајот по бул.„Партизански Одреди“ во насока на движење од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочува лево по ул.„Љубљанска“ кон бул.„Илинден“ и десно по ул.„Московска“ кон ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, а сообраќајот што се движи од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочува десно по ул.„Бледски Договор“ кон бул.„Илинден“ и лево по ул.„Париска“ кон ул.„Прашка“.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.