На територијата на цела Македонија во изминатата ноќ  евидентирано е дека 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што соопшти МВР, во текот на вчерашниот ден во целата држава на 144 лица им се издадени решенија за изолација, а 51 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека сите лица се придржувале до мерките за изолација и самоизолација.