На територијата на Драчево во текот на вчерашниот ден изречени се 101 мерка, од кои 14 за возење без возачка дозвола, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Како што денеска соопштија од МВР, од вкупниот број мерки, 12 се за нерегистрирани возила, шест за брзо возење, две за возење под дејство на алкохол и девет санкции за користење на мобилен телефон.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.