Полициски службеници во близина на бензиската пумпа во тетовското село Лешок синоќа го лишија од слобода М.Ч. (30) од село Непроштено, кај кого при преглед биле пронајдени четири пакувања марихуана.

– При преглед на неговото патничко возило „Опел Астра“, со тетовски регистарски ознаки, М.Ч. се обидел да избега. Во знак на предупредување од страна на полициски службеници во воздух биле испукани два проектила од пиштол, а тој набрзо бил фатен и приведен, информира МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.