Министерството за внатрешни работи информира дека во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров.
-Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 во 07:00 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да се транспортираат надвор од полицискиот центар, соопштуваат од Минитертвото.
Од МВР посочуваат дека гранатите ќе бидат уништени според предвидените безбедносни стандарди.




