Членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски утрово не се појавил на седницата на Судскиот совет, а полицијата не го пронашла ниту во неговиот дом. Тој е еден од 8 мината осомничени за злоупотреба на слуужбената положба кои обивнителството за организиран криминал дека направиле штета на буџетот од 860 илјади евра. Според информациите од обвинителството, Теофиловски како претседател на поранешното Тениско спортско здружение Љуботен Тетово и осомничените вработени во општината направиле незаконска легализација на објект и приватизација на државно земјиште. По цена од 43 евра за метар квадратен било откупено земјиште од над 4400 метри квадратни.
„Кон крајот на месец август 2011 година првоосомничениот како тогаш одговорно лице – Претседател на спортско здружение од Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, започнал постапка за легализација. Кон Барањето за утврдување на правен статус на непостоечки објект, до Општина Тетово, приложил нотарски заверена изјава со која лажно изјавил дека станува збор за објект изграден во 1995 година и геодетски елаборат изготвен од второосомичениот во кој е прикажан непостоечкиот објект во површина од 122 м2, соопштија од Обвинителство за организиран криминал.“
Обвинителството бара притвор за Теофиловски и уште 5 мина осомничени, а за двајца бара мерки на претпазливост. Меѓу осомничените има и вработени во општина Тетово. Судот одреди четити мерки куќен притвор и една мерка на претпазливост
Теофиловски беше избран за член на Судскиот совет пред една година. Во својата карирера бил адвокат, судија, но и заменик министер за правда во 2001 година. Тој е и зет на поранешната претседателка на Судскиот совет Александра Зафировска, чиј глас јавноста го слушна во бомбите.