Сообраќајната полиција вчера во Скопје изрекла 178 мерки, од кои 30 за управување со брзина поголема од дозволената, 19 мерки за возење без возачка дозвола, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила и 13 за користење на мобилен телефон.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.