На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли вчера се изречени вкупно 164 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење санционирани се 29 возачи, 14 санкции се за возење без возачка дозвола, а шест за возач почетник.
Како што соопштија денеска од МВР, изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за управување под дејство на алкохол, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за недавање првенство на минување на пешаци и 53 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.