На територијата на град Скопје, во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77, девет санкции за возење без возачка дозвола, две за недавање првенство на минување на пешаци.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека изречени се и пет санкции за користење мобилен телефон, две за непрописно престројување, три санкции за нерегистрирани возила, две за минување на црвено светло и 31 мерка за непрописно паркирани возила.

Полицијата најави дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.