Изречени се 18 санкции за возење без дозвола, од вкупно 184 мерки вчера на територијата на град Скопје, а меѓу нив за некористење сигурносен појас 48, 20 санкции за возење повеќе од дозволената брзина и пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се и 10 санкции за користење мобилен телефон, соопштија денеска од МВР, како и четири за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 53 за непрописно паркирани возила.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.