На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден полицијата казнила 195 возачи.
Од МВР информираа дека од санкционираните 25 управувале возило без возачка дозвола, 19 се казнети за возење повеќе од дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли и 57 за непрописно паркирани возила.
Полицијата најави дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.