Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на град Скопје изрече 168 мерки, меѓу кои 60 за непочитување брзина на движење, 23 за возење без дозвола и осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се пет санкции за управување под дејство на алкохол, шест за користење мобилен телефон, пет возачи се санкционирани за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 16 за непрописно паркирани возила.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведува МВР.