Министерството за внатрешни работи во акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден санкционира 253 возачи, меѓу кои 14 за возење без возачка, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 24 за користење мобилен телефон.

Изречени се и осум санкции за минување на црвено светло на семафор, 24 за некористење сигурносен појас, 61 за непрописно паркирани возила, а казнети се и 36 пешаци.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.