Скопската населба Ново Лисиче, како и останатите во градот, врие од улични кучиња кои го загрозуваат безбедното движење на граѓаните.
Доказ за тоа се и вчерашните две пријави во полициската станица Аеродром, каде во рок од 20 минути се пријавени два напада од кучиња скитници врз граѓани.
Во првиот случај, вчера во 12:30 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Б.(57) од Скопје пријавил дека на мостот „Близнак“ бил каснат од куче скитник.
Дваесет минути подоцна, во 12:50 часот во истата полициска станица Р.О.(64) од Скопје пријавила дека на бул. „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, нејзината ќерка Б.О.(36) била касната од куче скитник.