Изминатото деноноќие во државава 117 лица не ја политувале забраната за движење. Од нив, 89 се приведени, а за останатите ќе следуваат соодветни казни, соопшти МВР.
Полицијата на 135 лица им издала решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, од кои три лица не ја почитувале мерката за изолација.