На 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 54 лица потпишале изјави за самоизолација, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, според евидентираните податоци во МВР.

Истовремено од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, соопшти денеска МВР, е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

–  По однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 18 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат од МВР.