Осум лица се приведени за дрога во три полициски контроли завчера и вчера на наплатната станица на автопатот Тетово – Гостивар.
Шест лица од Скопје, во две одделни контроли, се приведени вчера во период од два часа, помеѓу 20 и 22 часот, откако кај нив биле најдени наркотични средства, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 20.15 часот полициски службеници од Гостивар лишиле од слобода двајца жители на Скопје. Кај К.Н (27) и Б.Д.(23) биле пронајдени марихуана и кокаин. Два часа подоцна, околу 22 часот, на истата наплатна станица лишени од слобода биле И.М.(29), И.А.(33), Г.М.(32) и Л.Н.(32), сите од Скопје. При извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана, соопшти МВР.
Претходниот ден, на 1 август вечерта, пак, гостиварските полициски службеници привеле и нивни колега од Градец. Тој е лишен од слобода поради истите основи за сомнение, со оглед дека кај него и кај уште едно лице бил најден кокакин.
– Околу 19 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево полицајците при извршен преглед кај лицата В.Р.(38) од село Градец, Гостиварско, и кај Ѓ.Ф.(47) од Гостивар нашле кокаин, информираат од МВР.
Сите приведени лица во Полициската станица Гостивар се задржани за понатамошна постапка.