Во рамки на засилените контроли во областа на сообраќајот само на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 213 мерки, од кои 13 за управување со брзина поголема од дозволената и 32 мерки за возење без возачка дозвола.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека од вкупниот број, 22 се за нерегистрирани и технички неисправни возила, три санкции за управување под дејство на алкохол, 12 за користење мобилен телефон и четири мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.