Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден спроведело засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Тетово.

Притоа, изречени се вкупно 189 санкции, меѓу кои 31 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 22 за возење без возачка дозвола, 18 прекршоци на мотоциклисти, а изречени се и 17 санкции за неносење заштитна маска.

Од МВР посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.