Речиси секојдневно во Скопје и во други градови има пријави за нападнати граѓани од кучиња скитници.
И вчера во 15 часот во Полициската станица Аеродром С.К.(44) од Скопје пријавила дека на булеварот АСНОМ во оваа населба била касната од куче скитник во пределот на левата нога.
Во Аеродром, како и во Ново Лисиче, забележано е дека има повеќе глутници со кучиња скитници. Тоа е особено забележително за време на полицискиот час, кога е тивко, а кучињата завиваат и скитаат низ населбата.