Министерството за здравство соопшти дека Галичник од 5 јули ќе добие патронажна служба составена од лекар и медицинска сестра.
Во наредните три месеци, до крајот на летната сезона, посочуваат од Министерството, овој мобилен сервис ќе ротира секој петок во Галичник од Здравствен Дом Ростуше, во периодот од 9 до 14 часот, во една од просториите во Вила Доста.
Досега, жителите од Галичник за преглед се упатуваа во Гостивар и Маврово, а од 5 јули тие ќе можат да добијат здравствена заштита и услуга поблиску до домот, наведуваат од Министерството.