На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 937 пациенти со Ковид-19 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 582 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие во Скопје на интерните клиники имало 12 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало четири примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 18 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациент со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 81 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има пет хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и изутрината до 8 часот имало 20 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 46 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 64 пациенти, во Прилеп 77, во ковид-центарот во Гостивар 21, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 10, Кавадарци 72, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има г  увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.