Лекот „Ивермектин“ од денеска е достапен за граѓаните во аптеките, информира Министерството за здравство. Овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист.
Како што посочува Министерството, лекот може да се употребува во домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен.
Лекот ERMETIN (ivermectin) таблета 3 mg x 10 во пакување, на производителот „World Medicine Ilac San.Ve.Tic.“ од Турција во аптеките по одобрена малопродажна цена изнесува 299 денари.
-Повеќе клинички студии кои ја евалуираат ефикасноста на ивермектин кај пациенти со COVID-19 се во тек и/или нивните крајни резултати се уште не се публикувани во научни списанија, но прелиминарните резултати сугерираат дека ивермектин има поволен ефект во профилакса на COVID-19 кај експонирани лица, како и во терапија на пациенти со лесна, средно-тешка и тешка клиничка слика, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.