Во  изминатите 24 часа е пријавено дека во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат 598 пациенти позитивни и сомнителни на коронвирусот, а заедно со хоспитализираните на инфективните оддели во главниот град вкупниот број е 984.

Има околу 320 празни болнички кревети за ковид-пациенти, но бројот е променлив зашто во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти и се ослободуваат дополнителни легла.

Министерството за здравство соопшти дека според извештаите што дневно ги добива од болниците, во Битола се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19, во болницата во Штип има 53 пациенти, на  инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес 31, во Куманово 95 пациенти, во ковид-центарот во Охрид 60, во Прилеп 70, во Гостивар 39, во Струга 36 болни.

Во болницата во Струмица се хоспитализирани 53 пациенти, во Кочани и Кичево по 18, Кавадарци 30,  Гевгелија 14, а во Дебар има шест пациенти позитивни  и суспектни на коронавирусот.

– Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, соопшти Министерството за здравство, наведувајќи дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.