На 15-ти август во недела, во 12 часот пред Собрание е закажан голем пpoтecт против ковид пропусниците.

Во најавата за протестот се потенцира дека истиот е народен, непартиски и се поканети сите граѓани на Република Македонија без разлика на верата и нацијата.

-НА 15-ти август (недела) во Скопје, пред Собрание во 12 часот ќе се одржи ПРОТЕСТ ПРОТИВ ФАШИСТИЧКИТЕ КОВИД МЕРКИ (Напомена: протестот е народен, непартиски, без разлика на вера, политика, статус, бидејќи се работи за заштита на најосновните човекови права кај нас и насекаде во светот) Жителите на сите градови кои немаат можност да присуствуваат во Скопје, пожелно е да самоорганизираат протести во своите градови), стои во најавата за протестот.

Протестот доаѓа по најавата на владата дека од 16 август речиси никаде нема да може да се влегува без потврда за вакцина.