Рускиот рапер Децл (Кирил Толмацки) починал по концерт во градот Ижевск. Руски медиуми го цитираат менаџерот Павел Беленец, но информацијата беше потврдена и од таткото на Децл.
Неофицијална причина за смртта е инфаркт.
Децл имаше 35 години, а дебитантскиот албум „Кој: Ти“, издаден во 2000 година е меѓу најпродаваните руски рап албуми.