Внуката на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џон Ф. Кенеди, Татјана Шлосберг, почина на 35-годишна возраст, објави денес Би-Би-Си.
Семејството ја објави нејзината смрт на социјалните мрежи, што ја сподели Фондацијата на библиотеката „Џон Ф. Кенеди“, пишувајќи: „Нашата прекрасна Татјана почина утрово. Таа секогаш ќе биде во нашите срца.“
Во ноември, Шлосберг објави дека ѝ е дијагностицирана агресивна форма на рак и дека ѝ останува помалку од една година живот.
Шлосберг беше ќерка на дизајнерот Едвин Шлосберг и ќерката на американскиот претседател Каролин Кенеди.




