На 5,6 и 7 септември нема да има издавање на упати и пропишување на рецепти. Матичните лекари со протест на работните места ќе го искажат револтот од неисполнување на нивните неколкумесечни барања. Ваква одлука донесе денеска Управниот одбор на Здружението на приватни лекари, оставајќи им неколку денови на здравствените власти и премиерот, примарното здравство да биде прва точка на владина седница со конкретни решенија
– Ставот на членството е да се изрази револт поради неисполнување на ниту едно барање, со протест на работните места. Еве, упатуваме апел и до граѓаните, до нашите пациентире, од утре од понеделник да дојдат за добивање на рецепти за хроничната терапија, вели др. Лилија Чолакова Дервишова претседател на ЗПЛРМ
Повеќе пари на сметка, односно зголемување на капитљациониот бод и пациенти на ПЗУ се едни од главните барања на матичните, кои од февруари кога ги доставија досега не добиле конретно решение. Од Здружението ги прашуваат надлежните дали знаат што ќе се случи кога стотина лекари со наполнети 64 години овој период ќе отидат во пензија и илјадници пациенти ќе останат без матичен.
– Ако 5000 фирми во ковид кризата беа затворени зарем треба да се дозволи и 100 ординации кои уредно плаќаат даноци и се што треба, тоа не смее да се дозволи. Алармираме постојано за проблемите, нудфиме и решенија… еве џентламенски им оставаме неколку дена време да покажат дали навистина им требаме во здравството, вели Чолакова.