Џенифер Лопез (51) се соблече за промоција на новиот сингл „In The Morning“ . Таа го покажа своето совршено, мускулесто тело. Зад себе има бројни хитови, награди, прогласена е за модна икона, три брака зад себе и две деца.
Таа сподели со ELLE.com какво е чувството да се биде на врвот на нејзината кариера во овој период од нејзиниот живот.
„Кога имав дваесет години, мислев дека сум на врвот. Сега, на 50 години, не очекував дека ќе бидам во најдобра форма во мојот живот. Сега имам толку многу искуство. Имам знаење дека, ако го користам , е огромна предност. Ако продолжиш да работиш напорно и да се наметнуваш, може да бидеш подобра личност – и физички, ментално, емоционално. Престанете да прашувате: ‘Дали ќе изгледам така?’ и само прашај: ‘Што сакам да направам понатаму?’ Затоа што може тоа да се случи, знаеш? И никој никогаш не ми го кажа тоа “, вели Џенифер Лопез.