Таа имаше 53 години.
„Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенон Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, рече публицистот на Доерти, Лесли Слоун во изјава за People.
Доерти во февруари годинава објави дека ракот ѝ се вратил, дека метастазирал и за списанието „Ел“ вели дека очекува да се лекува до крајот на животот. Болеста во меѓувреме ѝ се прошири на ‘рбетот. Болеста првпат ѝ била дијагностицирана во 2015.
Доерти се прослави во 1990 година како Бренда Волш во мегапопуларната серија Беверли Хилс, 90210. Нејзиниот брат близнак Брендон го играше Џејсон Пристли, со кого остана блиска до крајот на животот.