Фронтменот на легендарната рок група „Ролингстонс“ Мик Џегер оваа недела ќе оди на операција на срцевиот залисток.
Џегер ќе биде опериран во Њујорк.
Бендот во саботата соопшти дека ќе ја одложи турнејата по САД и Канада.
Се очекува Џегер (75) да се врати на бината до лето.