Покрај изборот на кандидати кои би се нашле на изборните листи на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април, во СДСМ паралелно се одвиваат и разговорите со БЕСА во делот на утврдување на заедничките кандидатски листи. Разговорите на сите нивоа ќе се одвиваат се до Конгресот на СДСМ, до 9 март. Има интензивна работна атмосфера во СДСМ, а ќе има и викендов, се до понеделник кога ќе ги заокружиме сите шест кандидатски листи. Ова денеска на прес-конференција го соопшти генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски одговарајќи на новинарско прашање.
– Разговараме за интегрирање на програмските потенцијали, односно програмските понуди, кои исто така треба да бидат верифицирани и на Конгресот на СДСМ и во телата на БЕСА. Овие процеси се одвиваат согласно динамиката, согласно роковите и договорот што е постигнат меѓу претседателите е цврста гаранцијата дека на следните избори со сигурност ќе имаме заеднички листи првпат и оти многу лесно ќе бидат утврдени местата и позициите, рече Николовски.
Пред се, како што истакна, е битен и квалитетот на кадровскиот потенцијал.
– Битно е за граѓаните какви кадри нудиме. Ние го утврдивме принципот 50-50, како прва политичка структура, најголема. На листите ќе имаме 50 отсто жени, 50 отсто мажи. Ќе имаме сосема отворени листи што ќе бидат една слика за целокупното наше општество. СДСМ има и свои кандидати кои се Албанци. Ќе бидат застапени сите етнички заедници. Паралелно ги завршуваме разговорите и со сите други останати коалициски партнери, нагласи Николовски.
Најави дека ова ќе биде, како што рече, најголемата победничка предизборна коалиција. – Не само поради тоа што сме со БЕСА заедно и што е нов квалитет на целокупната наша понуда и е една силна гаранција дека оваа коалиција со сигурност, веќе тоа сите го знаат по реакциите, дека го добива мандатот за формирање Влада. Ова ќе биде најголема коалиција која настапила на било кои парламентарни избори, рече Николовски.
Николовски информира дека во моментов во СДСМ завршува внатрепартиската постапка и процедура и во делот на предлагање од ниво на месни одбори до утврдувањето на потенцијалните кандидати од страна на општинските организации. Досега се евалуирани над 750 кандидати кои имаат поднесено кандидатури во СДСМ, без оглед дали се членови на партијата, поддржувачи, активисти, индивидуалци, интелектуалци, кои на отворената понуда, постапка и транспарентен однос од наша страна навистина пројавија интерес. Посочи дека и согласно утврдените критериуми и процедури кои првпат ги спроведуваат како најголема политичка организација. Таа постапка се одвива и треба да заврши вечерта на 9 март, на Конгресот на СДСМ. Пред Конгресот ќе се одржат состаноци на Центарлниот и на Извршниот Одбор. Работната група која работи на проблематиката на утврдување на кандидатите до тогаш интензивно ќе ги анализира сите материјали, документи, ќе ги евалуира, оценува со број на бодови и по потреба на разговор се повикуваат многу кандидати.
– Отвораме една нова страница, нов квалитет во политичкото одлучување, во развојот на кадрите, во селекцијата итн, потенцира Николовски.
Како што истакна, има загарантирани места за коалициските партнери на СДСМ, но и тоа ќе го соопштат на Конгресот, кога ќе ги заокружат сите одлуки на Извршниот и на Централниот Одбор. Места и позиции се разговараат, пред се, меѓу претседателите на политичките партии, но битен е и квалитетот на целокупната постапка, рече Николовски.
Генералните секретари на СДСМ и на БЕСА Љупчо Николовски и Арјанит Хоџа денеска на заедничка прес-конференција беа прашани дали редефинирањето како концепт е дел од програмата на БЕСА, Хоџа рече дека зависи тоа кој како го толкува.
– Нашето видување за редефинирањето е во контекст на реформите. И точно е дека оваа победничка коалиција ќе направи огромни реформи таму каде што е најболно и каде што режимот успеа и како опозиција да задржи позиции, тоа е судството, правосудството. И во тој контекст реално ние заеднички се залагаме, да направиме реформи. Ако тој некој кажува за редефинирање, точно. Режимот мора да се редефенира само со реформи и тоа ќе го направиме заеднички, рече Хоџа.
Николовски на истото прашање одговори дека целта на сето она што СДСМ како носител на извршната власт го прави и она што ќе го понуди на граѓаните, како што рече, без оглед кој како ќе го нарече, битна е суштината, што е она што ние чесно, одговорно го нудиме на граѓаните.
– Овојпат во фокус на целокупната програма, и тоа денес ќе го разговараме, е токму расчистување со остатоците на режимот или на тоа што БЕСА го подразбира во делот на судството и на правосудството. Еден од нашите столбови ќе биде ред, дисциплина и правда, рече Николовски. Додаде дека оваа коалиција пред се зборува за обединување