Борисав Јовиќ (93), поранешен претседател на Претседателството на СФРЈ и висок функционер на СПС, почина денеска од КОВИД-19 во ВМЦ Карабурма.
„Јовиќ почина по долга борба со Ковид-19 во 15 часот и 15 минути во ВМЦ Карабурма“, соопштуваат српските медиуми.
Јовиќ беше претседател на Претседателството на СФРЈ пред распадот на државата од 15 мај 1990 до 15 мај 1991 година.
На 28 март 1989 година, тој беше избран за претставник на Србија во Претседателството на СФРЈ. Тој беше потпретседател на Претседателството на СФРЈ од 15 мај 1989 година до 15 мај 1990 година, а потоа претседател на Претседателството на СФРЈ од 15 мај 1990 година до 15 мај 1991.
Вечерта на 15 март 1991 година, тој поднесе оставка откако Претседателството на СФРЈ, на седницата од 12 до 15 март 1991 година, како не го одобри предлогот на Врховната команда на ЈНА да се воведе вонредна состојба.
Како близок соработник на Милошевиќ, беше застапник на тезата за реформирање на Југославија како федерација врз принципот еден човек-еден глас што ќе и дадеше предност на Србија како најбројна република.
Тој беше претседател на Социјалистичката партија на Србија од 24 мај 1991 година до 24 октомври 1992 година. Кога Милошевиќ официјално се врати на чело на партијата, Јовиќ стана потпретседател на СПС и остана на функцијата до крајот на ноември 1995 година.