На Антарктикот денеска е забележана највисоката температура откако се прават такви мерења. Аргентинската метеоролошка станица „Есперанса“, што е лоцирана во северниот дел на Антарктикот, измери 18,3 степени Целзиусови.

Со тоа е соборен претходниот рекорд од 17,5 степени Целзиусови измерени во март 2015 година.

„Есперанса“ ја мери температурата на воздухот на Антарктикот од 1961 година.

Според Светска метеоролошка станица Антарктикот е место каде најмногу е зголемена температурата на воздухот во последните 50 години, при што е забележано пораст на температурата за три степени.