Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе забрана за патувае во САД на членови на конститутивното собрание на Венецуела што е под контрола на претседателот Николас Мадуро.

Специјалниот пратеник на Вашингтон за Венецуела, Елиот Абрамс вели дека времето за дијалог со Мадуро „одамна поминало“ и дека сега преостанува да се преговара за негово заминување.

Тој додаде дека треба да се засили поддршката на САД за опозицискиот лидер Хуан Гуаидо кој минатиот месец се самопрогласи за претседател на Венецуела по што доби признавање од САД и други држави во светот.