На денешен ден, 17.јуни 1986 година после 6 годишен затвор, суден за национализам пoчинa еден од најзначајните македонски филмски и театарски актери – РИСТО ШИШКОВ.
Ристо Шишков уште во најраното детство го доживува геноцидот со семејството како и прогонетите деца бегалци, а во возрасните години ја дели судбината со сите тие, кои беа судени во екс југ. режим само затоа што беа национално свесни МАКЕДОНЦИ.
Во својата кариера играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма (во дванаесеттиот, „Води“, неговата ролја е преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, како и повеќе радиодрами. Добитник е на театарската награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977 година) за улогата во претставата „Крчма под зеленото дрво“.
Ристо Шишков, остави силен впечаток врз многу личности од различни провиниенции (поети, глумци, уметници, режисери итн.). Еден од првите кој му посветува песна на Шишков, е и големиот борец за човекови права на Македонците, публицист и поет, неговиот личен пријател, Коле Мангов. Песната за прв пат е објавена во весникот “Македонија” од Торонто, Канада, на 16ти јули 1986, месец дена по неговата смрт. Песната, била игнорирана и на еден начин, дневните весници не пројавувале интерес да ја објават. Повторно е објавена во неделникот “Старт”, во 2001 година.
Молчењето на Ристо Шишков
За Ристо Шишков треба да се молчи.
И пак да се молчи.
Но, белината на хартијата чека запис.
И народот очекува запис за Ристо Шишков.
Ристо знаеше да каже: во него има молчење. Многу молчење.
Rисто не молчеше. Зборуваше за сите.
Во него се славеше молчењето на народот.
Огромниот товар на молчењето.
Потоа молчењето избиваше од него.
Како вулкан. Како незапирлив вулкан.
Тој вулкан го однесе Ристо Шишков во вечно молчење.
Сега другите доаѓаат за него. Цела една вечност.
Слава му!