На денешен ден пред три години, со народни буџетски пари, власта го лажеше народот дека гласа „ЗА бесплатни здравствени услуги низ цела Европа“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, потсетувајќи на кампањата за референдумот за промена на името.
– Денес, здравството е заглавено во неефикасност, многу грешки, жртви и истраги за морбидни трагедии, како онаа во болницата во Тетово. Големи штети има насекаде, а одговорноста ја нема никаде, напиша на Фејсбук пратеникот Милошоски.