28 април 2019
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс Монро, претседател на САД од 1817 до 1925 година. Во 1823 година ја прокламирал „Монровата доктрина“ под мотото „Америка на Американците“. Основната цел на ова мото беше да се потиснат европските сили од американското тло.
1813.- Во Болеславец, Полска, умрел Михаил Иларионович Кутузов, познат руски војсководец, стратег, кој и покрај противењето на царот и на генералот, за време на нападот на Наполеон на Русија ги измамил Французите во широките руски пространства, а потоа ги поразил. Роден бил на 16 септември 1745 година.
1878.- Роден е американскиот филмски и театарски актер Лајонел Блајт, познат како Лајонел Баримор кој уште како дете се прославил со ликот на Оливер Твист. Пред крајот на животот како тежок инвалид, во инвалидска количка одиграл повеќе извонредни карактерни улоги. Филмови: „Грант хотел“, „Островот Лагро“, „Дамата со камелии“, „Распутин и царицата“, ТВ-серијата „Д-р Килдер“.
1903.- Во Солун, од 28 до 30 април (група македонски интелектуалци, формирана со цел со динамитни акции да се предизвика интервенција на европските сили во Македонија и да се запознае европската јавност со состојбата во Македонија) ги дигнаа во воздух францускиот брод „Гвадалкивир“, Отоманската банка, Поштата, Плинарницата и други јавни објекти. Овие настани, познати како Солунски атентати, извршени неколку месеци пред Илинденското востание, претставуваат најкрупен настан кој предизвика силен ефект во европската јавност и во европската дипломатија.
1918.- Во воениот затвор Терезин, во Чешка, умрел Гаврило Принцип, припадник на организацијата на босанската револуционерна група „Млада Босна“. На 28 јуни 1914 година, во Сараево извршил атентат врз австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд. Бил осуден на 20 години затвор.
1919.- На мировната конференција во Париз на која учествувале 32 држави, вклучувајќи го и Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, основано било Друштвото на народите. Сите држави потписнички биле обврзани на заедничка акција против агресија, се откажале од употреба на сила и ја прифатиле обврската за мирно решавање на споровите.
1924.- Роден е замбискиот државник Кенет Каунда, прв претседател на Замбија од 1964 до 1991 година.
1936.- Умрел египетскиот крал Фуад I, кој на престолот во Египет дошол во 1922 година. Претходно, за време на британскиот протекторат, во 1917 година станал египетски султан, а титулата крал ја зел кога Велика Британија му дала формална независност на Египет во 1922 година. На престолот го наследил неговиот син Фарук I.
1937.- Роден е ирачкиот диктатор Садам Хусеин. На власт во Ирак дошол во 1979 година, кога како потпретседател на владејачкиот Совет на револуционерната команда го симнал од власт шефот на државата Ахмед Хасан ал Бакар, по што користел диктаторски методи на владеење, вклучувајќи и физичка ликвидација на политичките противници. Тој бил обесен во Багдад, на 30 декември 2006 година, откако локалниот суд го осудил на смрт поради убиство на околу 150 шиити во текот на 80-тите години.
1945.- Во Комо, италијанските партизани ја извршиле смртната казна врз италијанскиот диктатор, Бенито Мусолини. Роден е на 29 јули 1883 година.
1952.- Јапонија по поразот во Втората светска војна ја вратила сувереноста и независноста откако стапил на сила мировниот договор постигнат во Сан Франциско во 1951 година.
1969.- Претседателот на Франција, Шарл де Гол поднесол оставка на функцијата по 11 години владеење. Тој се повлекол од функцијата по референдумот за регионализација на државата и укинување на Сенатот, на кој, мнозинство од гласачите се изјаснија против неговите идеи.
1975.- Американците го напуштиле Сајгон, со што завршила 20-годишната интервенција на САД во Јужен Виетнам.
1977.- Андреас Бадер и останатите уапсени членови на германската левичарска терористичка група „Бадер-Мајнхоф“ по двегодишното судење во Штутгарт биле осудени на доживотна робија.
1980.- Американскиот државен секретар Сајрус Венс поднесол оставка на функцијата по неуспешната мисија на командосите за спасување на американските заложници во Иран.
1982.- Велика Британија воспоставила воздушна блокада врз Фокландските (Малвинските) Острови над кои контролата ја презела Аргентина.
1986.- Советската влада објавила дека пред два дена се случила голема нуклеарна несреќа во електраната во Чернобил.
1992.- Во Лондон умрел Френсис Бејкон, најпознатиот англиски сликар на 20-от век. Во 1976 година, за една Бејконова слика на аукцијата во Њујорк биле платени 140.000 американски долари. Во мај 1990 година, Бејконовиот триптих “Мај – јуни” бил продаден за рекордни 6.270.000 американски долари. Роден бил во 1910 година.
2001.- На патот меѓу селата Селце и Вејце во близина на месноста Бреза, Тетовско, албанска диверзантско-терористичка група од заседа убила осуммина и повредила шестмина припадници на безбедносните сили на Република Македонија.
2001.- Првиот вселенски турист во светот, Американецот Денис Тито платил 20 милиони долари за да полета со руска ракета кон Меѓународната вселенска станица.
2003.- Рускиот вселенски брод „Сојуз“, првото вселенско летало со човечки екипаж лансирано по катастрофата на американскиот шатл „Колумбија“, успешно се споил со Меѓународната вселенска станица.
2004.- Американската ТВ мрежа CBS ги објави фотографиите на ирачките затвореници во затворот Абу Граиб каде американските војници вршеле тортура врз нив.
2005.- Националниот Парламент на Ирак со мнозинство гласови го прифатил составот на новата ирачка Влада на Ибрахим ел Џафари, со што првпат по повеќе од 50 години, Ирак добил демократски избрана Влада.
2007.- Во Талин, Естонија, 96 лица биле повредени, а 600 уапсени во судирите поради отстранување на спорниот споменик на Советската армија. Биле демолирани околу 50 објекти, главно продавници.
2008.- Најмалку 70 луѓе загинале, а 420 биле повредени во судирот на два патнички воза на исток од Кина. Несреќата се случила кога возот кој сообраќал од Пекинг кон летувалиштето Кингао скршнал од шините и се удрил во местото Цибо, во провинцијата Шандонг, со друг воз кој доаѓал од спротивниот правец, од летувалиштето Јантаи.
2012.- Умрел Милан Фирфов, редовен професор во пензија на Факултетот за музички уметности. Фирфов беше истакнат музички работник, диригент, пијанист и оперски пејач. Ќе остане запаметен по многубројните солистички и концертни настапи на разни музички манифестации во државата и во странство и како исклучителен професор по соло-пеење и клавир.