1547.- Умре шпанскиот освојувач Ернан Кортес, кој благодарејќи на огненото оружје, непознато за домородците, меѓу 1519 и 1521 година со само 700 војници освои поголем дел од денешно Мексико уништувајќи го царството на Астеките. Во 1522 година стана гувернер на „Нова Шпанија“.
1804.- Наполеон Бонапарта за францускиот цар Наполеон I во Париз го круниса папата Пије VII.
1805.- Во битката кај Астерлиц, позната како „битка на три царства“, француската армија на Наполеон I која броеше 75.000 војници ги победи руската и австриската војска. Во оваа битка руската и австриската војска изгубија 70.000 од вкупно 95.000 луѓе.
1814.- Умре францускиот писател Донасјен Алфонс Франсоа де Сад, познат како Макриз де Сад. Бидејќи бил прочуен по раскалашен живот и разни настраности од неговото презиме е изведен терминот садизам. Многу малку е позната неговата политичка улога, но беше голем поддржувач на револуцијата и крајно голем непријател на христијанството. Францускиот цар Наполеон I нареди да го затворат во болница како душевно болен. Дела: романи „Јустин“, „Жилиет“.
1815.- Велика Британија постигна договор за мир со раџата од Непал.
1823.- Под мотото „Америка на Американците“, претседателот на САД Џејмс Монро ја објави „Монроновата доктрина“ со која се спротивстави на насилното гушење на буните во шпанските и португалските колонии на американскиот континент. Доктрината го изрази интересот на владејачките кругови во САД тие да го контролираат континетот, а не европските метрополи.
1848.- Австрискиот цар Фердинанд Први абдицираше во корист на Франц Јозеф Први.
1852.- Прогласено е второто француско царство со царот Наполеон III.
1856.- Франција и Шпанија постигнаа договор за меѓусебните граници.
1859.- Федеративната американска војска го фати тешко ранетиот црнечки водач Џон Браун и го обеси. Неговата борба имаше широк одзив и и претходеше на Граѓанската војна (1861-1865) меѓу Северот и Југот на САД. Џон Браун е роден во 1800 година.
1884.- Во Скопје е роден Јахја Кемал Бејатли (вистинското име му е Ахмет Аѓах), турски поет, еден од основоположниците на современата турска поезија. Умре во Истанбул, на 1 ноември 1958 година.
1889.- Во Лондон е роден Џон Барбироли, еден од најголемите диригенти на светот, основач на Камерниот оркестар „Барбироли“, диригент на операта Ковент Гарден, директор на Њујоршката филхармонија и диригент на оркестарот „Хале“ во Манчестер. Умре во Лондон на 27 јули 1970 година.
1901.- Американскиот пронаоѓач Кинг Кемп Џилет го патентираше првиот брич со две острила.
1918. – Во Париз умре Едмонд Ростан, француски неоромантичарски поет и драмски писател. Во почетокот беше под влијание на Алкфред де Мисе. Негово главно дело е комедијата во пет чина “Сирано де Бержерак”. Роден е во Марсеј, на 1 април 1868 година.
1942. – Во Чикаго за првпат практично е остварен процесот на нуклеарна фисија. Експериментот успешно го изведоа научниците кои работеа на тајниот проект за производство на првата атомска бомба.
1944. – Со отворањето на првата автобуска линија на релацијата Скопје – Битола и Прилеп – Битола и со мобилизацијата на четирите расположиви автобуси, почна новата историја на сообраќајната гранка во Македонија. Собранието на Деловната заедница “Македонија сообраќај” на 4 декември 1984 година, донесе одлука 2 декември да биде прогласен за Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија.
1946. – По борбата што се водеше помеѓу партизаните и грчката владина војска на патот Лерин – Псодери, грчките власти го почнаа теророт во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеа грабежи, горење и пустошење. Изгореа 46 трла, плевни, воденици, а беа фатени и ѕверски мачени 28 невини Македонци.
1956. – Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истоварија на Куба и почнаа успешна борба, која заврши со соборување на диктаторскиот режим на Баиста.
1969.- Умре Климент Јефремович Ворошилов, маршал на Советскиот Сојуз, поранешен претседател на Президиумот на Врховниот совет, учесник во револуцијата во 1905 и во Октомвриската револуција во 1917 година. Од 1946 до 1953 година беше заменик на премиерот, а по смртта на Сталин до 1960 година беше претседател на Президиумот на Врховниот совет.
1971.- Советскиот вселенски брод „Марс 3“ слета на планетата Марс.
1971.- Шесте емирати во Персискиот Залив – Абу Даби, Дубаи, Шарџ, Аџман, Ум ел Кајвајн и Фуџар – врз основа на договор склучен во јули 1971 година, ги основаа Обединетите Арапски Емирати, на кои во февруари 1972 година им се придружи и емиратот Рас ел Кајм.
1972.- Во пожарот кој избувна во текот на поп фестивал кој се одржуваше во јужнокорејскиот главен град Сеул, загинаа најмалку 50 луѓе.
1974. – Умре Лајош Зилахи, унгарски писател.
1982.- Хирурзи предводени од д-р Вилијам де Врис на клиниката на Универзитетот во Јута во американскиот град Солт Лејк Сити го вградија првото вештачко срце во светот изработено од полуеритан. Пацинетот кој беше пензиониран стоматолог Барни Кларк, со тоа срце живееше 112 дена.
1990.- По обединувањето на Германија, коалицијата на канцеларот Хелмут Кол со големо мнозинство ги доби првите сегермански избори.
1993.- Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
1994.- Филипински ферибот со повеќе од 600 патници потона во Манилскиот Залив по сударот со товарен брод. Повеќе од 140 луѓе се удавија.
1997.- Пакистанскиот претседател Фарук Легари беше принуден да поднесе оставка по жестоката борба за превласт со претседателот на владата Наваз Шариф.
1998.- Владата на Република Македонија донесе одлука за доаѓање на НАТО-силите во Република Македонија во функција за извлекување на Верификационата мисија на ОБСЕ во Косово.
2000.- Претседателот на Сирија Бушар ел Асад ги одобри стопанските реформи, вклучувајќи ја и можноста за работа на приватни банки, со што по безмалку четири децении беше ставен крај на државниот банкарски монопол.
2001.- Во серија бомбашки напади на исламските терористи во Ерусалим и Хаиф беа убиени 30 луѓе, а во знак на одмазда веќе наредниот ден израелски борбени хеликоптери исфрлија ракети врз седиштето на палестинскиот водич Јасер Арафат во Рамал.
2001.- Банкротираше седмата најголема американска компанија и водечки светски трговец со струја и гас „Енрон“. Тоа беше дотогаш најголем банкрот во историјата на САД.
2004.- Силите на Европската унија (ЕУФОР) ја презедоа од СФОР, која е под команда на НАТО, контролата врз сите операции во Босна и Херцеговина.
2006.- Дел од мостот стар 150 години се урна и падна врз воз кој поминуваше во областа Багалпур, 110 километри источно од грдот Бихар, Индија. Загинаа 35 луѓе, а уште 16 беа заробени во остатоците од возот врз кој се урна стариот мост.