НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Букурешт почнал крајот на 6-годишните Руско-турски војни, а ден потоа Наполеон ја нападнал Русија

/ 28.05.2020

На 16 мај 1812 година во Букурешт почнале преговорите со кои е завршена шестгодишната Руско-турска војна, која се водеше од 1806 до 1812 година, а Турција го призна поразот и на Русија и направи големи отстапки.

Букурешкиот договор од 1812 година е договор помеѓу двете тогашни имеприи Отоманската и Руската, а потпишан е на 28 мај 1812 година.

Според овој договор, Бесарабија (источната половина од Молдавија) била припоена кон Руската империја, реката Прут станала нова западна граница на Русија, која исто така добива право на трговија низ реката Дунав.

Договорот бил потпишан од рускиот генерал Михаил Кутузов, ратификуван од страна на Александар Први, само еден ден пред францускиот војсководец Наполеон Бонапарта да ја нападне Русија.

Руско-турската војна (1806—1812) ја започнала Османлиската империја, која сакала да ги заземе Молдавија и Влашко.

Војната започнала во 1806 година од османлискиот султан Селим III кој бил охрабрен од рускиот пораз во битката кај Аустерлиц и кој бил советуван од страна на Франција за воен поход. Франција во исто време ја окупирала Далмација и целта била да навлезат во дунавските кнежества.

За да се заштитат руските гранични војници од евентуална француска инвазија 40.000 припадници на руските сили навлегле во Молдавија и Влашко. Султанот реагирал со блокирање на Дарданелите за руската бродови.

Првично, царот Александар Први не сакал да се концентрира на војната против Отоманската империја, а неговите односи со Наполеон не биле сјајни, па главниот дел од руската војска била преокупирана со борба против Наполеон во Прусија.

Големата османлиска офанзива довела до руска окупација на тогаш влашкиот град Букурешт, по што следувале порази на османлиските сили на 2 јуни 1807 година кај Обилештија и Ахурјан на 18 јуни. Во меѓувреме, руската царска морнарица ги блокирала Дарданелите и ги поразила Османлиите. По овој пораз Селим Трери бил симнат од власт, а османлиската флота доживеала уште еден пораз следниот месец во битката за Атос.

Војната била на самиот крај доколку не бил потпишан договорот во Тилсит под услови на Наполеон. Ова примирје го искористил рускиот цар Александар Први, кој поголемиот дел од своите сили ги префрлил од Прусија во Бесарабија. Јужната руска армија броела околу 80.000 луѓе, а рускиот генерал Прозоровски направил мал напредок. Во август 1809 година руските сили успеале да го минат Дунав и да ја заземаат Добруџа. По ова започнала опсадата на Силистра но кога пристигнала веста дека 50.000 турски војници доаѓаат кон градот, руските сили се повлекле во Бесарабија.

Следната 1810 година следувале порази на Османлиите кај Силистра и Шумен.

По успехот на Русите дошло до битка во 1811 година кога кон Русе се упатиле 60.000 османлиски војници. По ова генералот Кутузов започнал повлекување на своите сили во денешна Романија, минувајќи ја реката Дунав.

По еден месец, еден одред од руските сили се вратил преку реката Дунав и ги изненадил силите на Ахмед Паша. На 2 октомври повеќе од 9.000 османлиски војници биле убиени.

А тоа довело до барање на мировен договор, кој бил потпишан во Букурешт.

(Д.Г.)


Од истата категорија